Сопствениците на новиот суперавтомобил Essenza SCV12 нема да можат да го возат по јавни патишта. Поради тоа, ако го купите, од Lamborghini препорачуваат да дoзволите компанијата да го чува во посебна гаража во нејзиното седиште во Италија.
Сопствениците ќе имаат пристап до безбедносната веб камера за да го погледна автомобилот кога и да посакаат. Ако, пак, сакаат да го возат автомобилот Lamborghini ќе организира превоз на автомобилот на речиси која било тркачка стаза во светот, а сопственикот ќе може таму да го вози.
Lamborghini, исто така, ќе обезбеди професионален возач на тркачки автомобили кој сопственикот ќе го подучи како да ја достигне максималната брзина и да ужива во својот суперавтомобил со погон на 12 вентили.
Компанијата во текот на целата година ќе биде домаќин на неколку посебни настани за сопствениците на Essenze SCV12 да се соберат и да уживаат во своите автомобили како група.
Ќе бидат произведени само 40 автомобили, а купувачите веќе потпишале договори за повеќето од нив. Lamborghini не ја објави цената за Essenza SCV12, но велат дека таа ќе биде слична на останатите модели со лимитирано издание како Lamborghini Centenario и Sián, кои се продаваа по 1,9, односно повеќе од 2 милиони долари.
Essenza SCV12 е најмоќниот кој го произвела компанијата, 6,3-литарскиот мотор е природно аспириран, што значи дека нема турбо-полначи или супер-полначи, механички уреди кои пумпаат воздух во моторот за да ја зголемат моќноста. И покрај тоа, ќе произведува повеќе од 818 коњски сили.
(Dnevnik.hr)
(фото: Lamborghini)