Асимптоматските случаи на Kовид-19 носат иста количина на вирус како и оние со симптоми, покажува јужнокорејска студија.
Јужна Кореја можеше да ги идентификува и изолира асимптоматските случаи преку масовното тестирање уште на почетокот на март. Повеќе докази покажуваат дека овие случаи претставуваат значаен дел од инфекциите. Но истражувачите не можеле да кажат колкумина од тие луѓе го пренеле вирусот.
Луѓето со позитивен тест за коронавирус биле набљудувани во центар за лекување, што овозможило научниците да видат колкава количина од вирусот е детектирана во нивниот нос и грло. Тие редовно биле тестирани и биле пуштани само кога имале негативен тест.
Резултатите од 1886 тестови покажуваат дека луѓето без симптоми во моментот на испитувањето, вклучително и оние кои никогаш не развиле симптоми, имале иста количина вирусен материјал во носот и грлото, како и луѓето кои имале симптоми.
Студијата исто така покажала дека вирусот може да биде откриен кај асимптоматските луѓе за време на значаен период, иако се чинело дека се чисти од нивните системи малку побрзо од луѓето со симптоми.
Средното време (бројот кога половина од случаите биле повисоки, а половина помали) од дијагностицирање до добивање на негативен тест, траело 17 дена кај асимптоматските пациенти и 19,5 дена кај симптоматски пациенти.
Поради природата на изолациониот центар, студијата не вклучува луѓе со тешки случаи на заболување. Тие исто така биле помлади и поздрави од просечните.
(denar.mk)
(фото: Wikimedia)