Хрватската компанија Infinity luxury први во светот направија надворешен преносен туш од камен, керамика, во обратна форма од буквата L, кој има сопствено напојување со енергија и троши помалку вода.
Одржливоста денес е во фокусот на економијата, претприемништвото и општествата, генерално, а главниот столб на одржливоста се технологијата и заштитата на околината. Врската меѓу тие два поими денес станува клуч на успехот, а тоа добро го знаат во Infinity Luxury, која се занимава со производство на паметни тушеви.
Најбитната цел им е да укажат на глобалниот проблем со водата за пиење, а за да бидат дел од двигателите кои ја подигнуваат свеста за тој проблем се фокусираат на развивање системи кои ќе овозможат заштед нa вода.
„После три години работа, многу идеи и неуспешни обиди дојдовме до решение кое овозможува заштеда на вода од 50% до 75%. Тоа го постигнавме со намалување на притисокот на водата во самиот туш и активација на сензор на движење” вели Стефано Ладавац, директор на Infinity Luxury.
Младиот претприемач за идејата за тушот ппочнал да размислува гледајќи ги тушевите на плажите во Ровињ, кои трошат многу вода. Својата теза ја потврдил на почетокот на 2017 година кога работел во хотел во Опатија. Токму тоа го поттикнало да почне да размислува за еколошки туш направен од камен.
„Немав идеја како да направам надворешен туш кој работи на електрична енергија, но не зависи од неа. Тогаш ја видов доличната идеја за паметната клупа на Иван Мрвош, која користи сончева енергија. На тој начин дојдов до идејата дизајнот на производот да биде обратен од буквата L за на врвот да се постават соларни плочи за производство на електрична енергија“ објаснува Ладавац.
За реализација на идејата требало да основаат и компанија. Денес компанијата има 5 вработени и двајца надворешни соработници, а целта им е до крајот на годината да имаат 10 вработени. Нивните тушеви се уникатни по системот за активација на водата преку сензори, кој не само ја намалува потрошувачката на вода, туку ја зголемува хигиената и ја намалува можноста за пренос на бактерии додека самостојно произведува енергија преку соларните панели.
Пред да го лансираат производот на пазарот една година го тестирале на јавни локации и на тест примероци крај базени. Првиот купувач на тушот бил репрезентативецот Дејан Ловрен, кому му инсталирале перзонализиран туш во неговиот хотел Joel во Новајли. Потоа почнале да постигнуваат подобри резултати на домашниот пазар, па решиле да се испробаат и на странски пазари. Првите партнери се јавиле од Англија и од Италија, а сега го шират бизнисот кон Америка, Азија и Дубаи. Соработката со производителот на керамички плочки Marazzi им ја отворила вратата до светскиот пазар, па си поставиле цел до крајот на 2020 година да бидат присутни на 20 пазари.
Цената на производот зависи од материјалот и од достапните функции, а почетната цена е 2.000 евра моментално се фокусираат на развојот на новиот бренд Adaquo, во кој главниот фокус е ставен на одржливост и заштеда на вода. Планираат во иднина континуирано да развиваат нови производи кои ќе придонесат за зачувување на околината, како и да ги надградуваат постојните.
(Poslovni.hr)