Модифицирано дрво е поцврсто од вистинското и го чисти СО2 од воздухот

- Advertisement -

Јаглерод диоксидот е познат како главен виновник за климатските промени. Ограничувањето на емисијата на СО2 која се поврзува со производството на градежни материјали како челик, метали и цемент е еден од начините за индиректно решавање на проблемот со климатските промени. Директниот пристап е намалување на атмосферскиот јаглерод диоксид со негово складирање во градежните материјали.

Научници од Универзитетот Рајс во Тексас ги искористија природните својства на дрвото за да ја подобрат неговата способност за ловење на јаглериод диоксидот. Процесот вклучува интегрирање на високо порозни микрочестички на метално-органски рамки (MOF) во дрвото откако ќе се исчисти надворешноста. Овој процес е поознат и како делигнификација.

- Advertisement -

MOF општо не се познати по својата стабилност во различни услови. Тие се склони да бидат осетлици на влага, што е нешто што треба да се избегнува во градежните материјали.

Меѓутоа, во својата студија тимот од Универзитетот Рајс открива дека MOF кој го користеле, а го развиле професорот Џорџ Жимизу и неговите колеги од Универзитетот Калгари, ги надмина другите во смисла на изведбата и сестраноста во различни услови.

- Advertisement -

Со испитување на цврстината на градежното дрво е утврдено дека е поцврсто од нормалното, необработено дрво и поспообно да извдржи стресори од околината како што е свиткувањето.Исто така, тврдат дека процесот кој се користи за производство на дрвото покажал дека потенцијално скалабилнато и енегетски ефикасно модифицирано дрво може да прдонесе со над 40% од емисијата наб стакленички гасови кои ги произведуваат луѓето.

Студијата е објавена од списанието Physical Science.

- Advertisement -

(Viid.hr)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -