Стопанската Комора нуди нова можност за наоѓање партнери на европските пазари

- Advertisement -

Стопанската комора на Македонија е дел од Европската мрежа на бизнис можности (ЕЕН), преку Националниот конзорциум во којшто, покрај Комората, партнери се и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување – „МИР”.

Повеќе од 10 години ЕЕН Македонија е присутна во нашата земја и ЕЕН мрежата има за цел да им овозможи на претприемачите што полесно и бесплатно да пронајдат партнери на европските пазари.

- Advertisement -

ЕЕН мрежата е проект финансиран од Европската комисија од 2008 година, со цел да им помогне на малите и средни претпријатија да ги искористат можностите што ги нуди европскиот пазар: поддршка во наоѓање партнери за деловна соработка, обезбедување информации за учество на саеми, брокерски настани, компаниски мисии, конференции и обуки, организирање локални и регионални настани, панел дискусии, одговарање на прашања добиени од страна на клиентите и средби со компании, обезбедување поддршка на МСП за интернационализација, иновација, креирање и промовирање профили за бизнис понуда и побарувачка за претпријатијата со цел нивно меѓународно вмрежување и соработка.

Сите услуги се бесплатни за малите, средните и новоформираните претпријатија и се нудат од страна на секој партнер во Конзорциумот, а истите може да се користат и од страна на поголемите компании, институти за истражување, универзитети, центри за технологии и бизниси и агенции за развој на иновации.

- Advertisement -

Европските претпријатија бараат други, потенцијални партнери кои се занимаваат со дејноста како Вашата, на пример, за остварување на заедничко вложување, бараат дистрибутери, агенти за продажба, нудење на франшиза и др. Доколку сте заинтересирани за некоја услуга за Бизнис соработка преку Понуда и Побарувачка, слободно обратете се до Стопанската комора за да пополните еден од овие Формулари:

1. Бизнис Понуда (Business Offer) и/или

- Advertisement -

2. Бизнис Побарувачка (Business Request). Тие се пополнуваат на англиски јазик, во зависност од тоа дали барате или нудите соработка и истите потребно е да ни се испратат на е-маил за да ги дообјасниме согласно барањата од Европската комисија.

Преку Базата за Деловна Соработка (Partnering opportunities), можеме да Ви помогнеме да пронајдете бизнис партнер според Вашите потреби и секторска припадност, во преку 60 држави во Европа и пошироко (во САД, Јапонија, Русија, Кина, Северна Африка и Блиски Исток).

Исто така, ЕЕН Македонија е носител на еден важен дел од Поглавје 20 од програмата за индустриска политика и претпријатија на Европската комисија која во иднина ќе биде ориентирана кон зголемување на трансфер на технологија и научно-истражувачки проекти.

Сподели!
- Advertisement -