Пиварницата Barba Pivovara, која во 2015 година ја основаше Синиша Анѓелиќ, го произведува пивото кое се најде меѓу 50 најдобри во светот. Пиварницата произведува 18.000 до 20.000 литри пиво месечно. Станува збор за природен производ кој не содржи адитиви, а треба да се третира како крафт пиво кое треба да се чува на темно и ладно место за да не ги изгуби својствата.
Токму таквиот пристап на Barbа и го донесе признанието на американста страница RateBeer, која нивното пиво Barba Imperial IPA го прогласи за најдобро во Хрватска, а со тоа и меѓу 50 најдобри пива во светот.
„Произведуваме повеќе од 10 стилови пиво, без додатоци. Од лесни пива за секојдневно уживање до експериментални стилови кои уште не се застапени на нашите простори. Ги полниме во шишиња и во кегови, внимавајќи до крајниот корисник да дојдат максимално свежи и квалитетни“ велат од Barba Pivovarа.
Во пиварницата работат директорот Синиша Ангелиќ, главниот пивар Марио Видиќ, кој е главен и за се друго, како и сопругата на Синиша, Нивес Грабиќ Ангелиќ, која е десна рака во бизнисот.
Со работа почнале во 2015 година, а правењето пиво од хоби се претворило во сериозен бизнис во 2018 година. Пред да се одлучат на тој чекор Синиша година и половина барал потребни дозволи. Потоа го купиле погонот на пропаднатата пиварница од Пролошча и го преселиле во Сплит. Во тоа време Barba Pivovara била прва и единствена во Сплит, а сега има повеќе пиварници.
„Од првиот ден до денес не сме подлегнале на масовното производство на штета на квалитетот на пивот. Со време погонот се унапреди и се зголеми, а со самото тоа се зголеми и квалитетот. И денес, како и на почетокот, целта ни е да направиме квалитетно пиво, кое ќе се произведува и ќе се полни во Сплит, како и едукација на угостителите и на крајните поторошувачи за складиштењето на пивот, пивските стилови, начинот на полсушување итн.“ објаснуваат од Barba Pivovara.
На прашањето како се одразила корона кризата на нивната работа, Ангелиќ вели дека ги има истите ефекти како на се друго.
„Се прилагодивmе на ситуацијата така што воведовме бесконтактна достава преку веб продавница, максималнo ги намаливме цените и на тој начин уште повеќе им го приближивме пивото на луѓето за прифатлива цена. Доста луѓе ова го сфатија и како бонус затоа што крафт пивото не е толку застапено во угостителските објекти, па на тој начин создадовме и еден личен контакт на среќа и корист на двете страни“ вели Ангелиќ.
(Jutarnji.hr)