Извршниот директор на NY Times прогнозира кога ќе им дојде крајот на печатените весници

- Advertisement -

Речиси се што не интересира денес можеме да го најдеме со неколку кликови со глушецот, на смартфон или на таблет. За многумина, особено за помладите генерации, нема многу смисла да се трошат пари на весници и читање вести кои речиси сигурно може да се најдат бесплатно на интернет.

Дигиталните медиуми целосно ќе ги заменат печатените изданија и прашањето е кога ќе се случи тоа. Новинарите на CNBC побараа одговор на тоа прашање од извршниот директор на NY Times, Марк Томпсон, кој се наоѓа на таа работна позиција од 2012 година и наскоро ќе и го препушти местото на Мередит Левиен.

- Advertisement -

Според него, печатеното издание на NY Times сигурно ќе излегува уште една цела деценија, можеби дури и 15 години. Тој вели дека би бил многу изненаден ако се печати и после 20 години отсега.

Како и многу други медиуми, NY Times мораше радикално да го смени начинот на работа и да се прилагоди на дигиталната доба, но Томпсон вели дека благодарение на 900.000 претплатници на печатеното издание, весникот би можел да излегува и без ниеден оглас и пак да остварува профит.

- Advertisement -

Сепак, во склад со времетo, а и поради пандемијата, изминатите месеци има се повеќе луѓе кои го читаат Times само во дигитална верзија и минатиот квартал по прв пат заработката од дигиталното издание ја надминала заработката од печатеното издание. Притоа, огласувањето во печатеното издание било во минус од над 50% во однос на истиот квартал лани.

Во текот на изминатите пет години бројот на дигитални претплатници порасна од 1 милион во 2015 на 5,7 милиони во вториот квартал од годинава. Долгорочниот план е 10 милиони претплатници до 2025 година.

- Advertisement -

(CNBC, Dnevnik.hr)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -