Има голем јаз меѓу средствата потребни за да се бориме со пандемијата на корона вирусот и средствата кои се издвоени за таа цел, предупредија од Светската здравствена организација. Повеќе од 19,92 милиони луѓе досега се инфицирани со корона вирусот на глобално ниво, а 729.883 починаа, покажуваат податоците на истражување спроведено од Reuters.
Заболени луѓе има во над 210 земји и територии во светот откако беа забележани први случаи во Кина во декември 2019 година. На светот ќе му бидат потребни најмалку 100 милијарди долари за нови алатки за решавање на пандемијата на корона вирусот, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус.
Пандемијата ја чини глобалната економија околу 375 милијарди долари месечно, ссоопштија од СЗО врз основа на податоци од Меѓународниот монетарен фонд. Според Тедрос, светот веќе има потрошено милијарди долари во обид да се санираат последиците од пандемијата. Имено, само државите на Г20 мобилизирале повеќе од 10 трилиони долари фискални стимуланси за ублажување на последиците од пандемијата, додава Тедрос.
„Тоа е трипати повеќе отколку што потроши целиот свет на одговорот на глобалната финансиска криза“ вели Тедрос. тој тврди дека акцелераторот на СЗО, ACT, е најдобриот економски стимуланс во кој може да инвестира светот.
„Акцелераторот е единствената глобална иницијатива која ги собира сите глобални регулаторни набавки и набавки потребни за сите алатки за ставање крај на пандемијата“ уверува Тедрос.
(Reuters, Bizlife)