Ново на македонскиот пазар! Четкајте ги забите со четка, но без паста

- Advertisement -

Технологијата, неминовно, го олеснува животот и го подобрува квалитетот на живеење. Таа се повеќе навлегува во секоја пора од нашите животи. Навистина изненадувачки одекна информацијата дека Јапонците (а кој друг би бил!?) измислија четка за миење заби за која не Ви е потребна паста. Едноставно, се користи само со вода. Но, не е за изненадување тоа што таа веќе е присутна на македонскиот пазар.

Оваа четка може да ја користат и најмалите, по никнување на нивното прво запче. Само по себе, тоа значи дека не постојат никакви ограничувања на нејзината употреба за сите возрасти. Дури четкањето со оваа четка ги надополнува сите недостатоци од лошата техника на четкање.

- Advertisement -

Четките за заби од јапонскиот бренд Мизуха, донесени во Македонија од компанијата Превента се карактеризираат со минерална компонента, односно природна керамика или црн кварц. Тој е „внесен“ со самата четка во вид на екстремно фина прашкаста форма, кој го дава максималниот ефект при препорачливо четкање на забите во траење  од само  30 секунди до една минута.

По четкањето се добива силно чувство на чистота и ефект на професионално исполирани заби со висок сјај. Но, претходно, во текот на четкањето, се генерира силно количество негативни јоникои темелно и моќно го елиминираат забниот плак, оставајќи ги забните површини беспрекорно мазни, сјајни и отпорни на таложење на нови наслаги. Негативните јони циркулираат уште долго време  по четкањето.

- Advertisement -

Ова се први и единствени четки за заби со природна керамика Natural ceramix (N-cera). Станува збор за материјал добиен од посебен тип кварцни шкрилци од наоѓалиштата во реонот Аичи, Јапонија. Најновата и иновативна технологија N-cera  претставува  револуционерен (квантен) скок во однос на нејзините ефекти. И токму Јапонците секогаш мислат на се. Освен што имаат разни видови четки за заби за разни возрасти и за сите состојби на забите, интересен е и фактот што направиле т.н. преносна варијанта на четка, која може да ја користите при секое патување.

Една четка од Crystal серијата може да се користи до 2.5 месеци, додека од Wakka серијата може да се користи и до 90 дена. Ваквата можност е резултат на високата цврстина и одличната отпорност кон трошење, удари, топлина и хемиски реакции на минералот кој е составен дел на влакното на четката.

- Advertisement -

Секако, доколку мислите дека не можете да ги четкате забите без да употребите паста, тоа не е забрането. Но, доволно е да употребите минимално количество забна паста (колку зрно ориз) за да ја зајакнете свежината во устата. Сепак, производителот препорачува при  секое миење на забите, последните 30 секунди да бидат  четкање само со вода. Ефектот е неверојатен а резулатот повеќе од очигледен.

Сподели!
- Advertisement -