Организацијата EMBER ја објави глобалната полугодишна анализа на производството на електрична енергија во која се гледа напредок во употребата на енергијата од ветрот и од сонцето. Нешто помалку од 10 % од електричната енергија во првите шест месеци од годинава доаѓаат од овие извори, покажува извештајот кој настана врз база на анализите на 48 земји, односно на околу 83 % од вкупното светско производство. Во однос на првата половина од минатата година порастот изнесува околу 14 %.
Најбитниот и најоптимистичен податок се добива кога ќе се спореди сегашната ситуација со 2015 година, кога е потпишан Парискиот договор. Оттогаш производството на енергија со помош на ветрот и сонцето пораснала повеќе отколку дупло. Авторите на извештајот забележаа дека во споменатиот период во тој поглед најмногу напредувала Индија, каде што во однос на 2015 година најмногу пораснало производството на енергија од овие извори, а во исто време и најмногу опаднало производството на јаглен.
Најновиот извештај покажа дека во голем број земји ветрот и сонцето станале значајни извори, но и дека влијаат на намалување на производството ан струја со помош на јаглен. Тоа е особено битно за стопирање на климатските промени и спречување на драстичното зголемување на температурата. Како што покажува извештајот EMBER, глобалното производство на јаглен во првата половина од годината паднало за 8,3 % во однос на првата половина од минатата година, што е најголем пад досега.
Ако набљудуваме од аспект на 2015 година, учеството на јагленот во глобалното производство на електрична енергија падна од 37,9 % на 33 %. Овој пад од околу 5 % одговара на порастот на производството на енергија од сонце и ветар, што значи дека овие извори ефективно ја замениле потрошувачката на јаглен.
Меѓутоа, треба да се земе предвид и дека глобалната побарувачка за електрична енергија поради пандемијата падна за околу 3 %, како и дека намалувањето на потрошувачката на струја од јаглен треба уште доста да се работи. Имено, IPCC извештајот покажува дека производството до 2030 година мора да падне за 13“ секоја година за глобалниот просек да не надмине 1,5 степени Целзиусови.
Организацијата EMBER ја објави глобалната полугодишна анализа на производството на електрична енергија во која се гледа напредок во употребата на енергијата од ветрот и од сонцето. Нешто помалку од 10% од електирчната енергија во првите шест месеци од годинава доаѓаат од овие извори, покажува извештајот кој настана врз база на анализите на 48 земји, односно на околу 83% од вкупното светско производство. Во однос на првата половина од минатата година порастот изнесува околу 14%.
Најбитниот и најоптимистичен податок се добива кога ќе се спореди сегашната ситуација со 2015 година, кога е потпишан Парискиот договор. Оттогаш производството на енергија со помош на ветрот и сонцето пораснала повеќе отколку дупло. Авторите на извештајот забележаа дека во споменатиот период во тој поглед најмногу напредувала Индија, каде што во однос на 2015 година најмногу пораснало производството на енергија од овие извори, а во исто време и најмногу опаднало производството на јаглен.
Најновиот извештај покажа дека во голем број земји ветрот и сонцето станале значајни извори, но и дека влијаат на намалување на производството ан струја со помош на јаглен. Тоа е особено битно за стопирање на климатските промени и спречување на драстичното зголемување на температурата. Како што покажува извештајот EMBER, глобалното производство на јаглен во првата половина од годината паднало за 8,3% во однос на првата половина од минатата година, што е најголем пад досега.
Ако набљудуваме од аспект на 2015 година, учеството на јагленот во глобалното производство на електрична енергија падна од 37,9% на 33%. Овој пад од околу 5% одговара на порастот на производството на енергија од сонце и ветар, што значи дека овие извори ефективно ја замениле потрошувачката на јаглен.
Меѓутоа, треба да се земе предвид и дека глобалната побарувачка за електрична енергија поради пандемијата падна за околу 3%, како и дека намалувањето на потрошувачката на струја од јаглен треба уште доста да се работи. Имено, IPCC извештајот покажува дека производството до 2030 година мора да падне за 13“ секоја година за глобалниот просек да не надмине 1,5 степени Целзиусови.
(N1.info)
(фото: Pixnio)