#WhatWeDoNext платформа за позитивни промени преку моќта на технологијата

- Advertisement -

Генерацијата Z стапува на сцена

Опкружени со технологија откако знаат за себе, Генерацијата Z (зет), речиси и не се сеќава на времето пред Google, тие размислуваат во 4D, носат часовници чија основна функција не е да покажува точно време и никогаш немале потреба да држат хартиена мапа.

- Advertisement -

Речиси секогаш се онлајн и се првата генерација за која реалниот живот и дигиталниот свет се подеднакво важни. 60% од нив не користат апликации и не отвораат веб-страници кои се бавни. Лесно се прилагодуваат на промени, сакаат брза реакција и мобилност за да не го трошат залудно своето време. Генерација Z бара повеќе од претходните генерации. Зависни се од социјални медиуми, 2/3 купуваат производи и услуги преку социјални медиуми, 44% од купуваат нов мобилен на секои 2 години. Најкористени апликации им се Youtube (56%), WhatsАpp (47%), Facebook (38%), Instagram (30%), Twitter (22%), Snapchat (20%) и Google Apps (19%).

Знаат да ја искористат достапноста на информации која ја нуди дигиталната ера. Комуникативни се, користат социјални медиуми како заедничка форма на изразување и се многу поамбициозни од претходните генерации. Трпението не им е јака страна. Претпочитаат визуелизации наместо текст, комуницираат преку emojis и постојано се под стрес дека ќе пропуштат нешто.

- Advertisement -

Но, она што е најкарактреистично за оваа генерација не е дека живеат онлајн, туку дека ја користат технологијата да направат промена преку дигиталната технологија. За нив најважно од сè е да останат поврзани со онлајн заедници, не трпат неправда и веќе прават големи работи не само за својата генерација, туку за општеството во целина.

304709-B-042 001

Токму овој нивни силен порив, и пред сè дигитален оптимизам, го препозна Дојче Телеком, и за да ги поддржи и да им даде глас, ја создаде платформата #WhatWeDoNext, која ги поттикнува младите да ја користат моќта на технологијата за да направат вистинска разлика.

- Advertisement -

Овој хаштаг во периодот што следи ќе биде местото за вистински инспиративни приказни на Генерацијата Z, каде што ќе можат да се споделуваат идеи и искуства за доброто на сите.

Која е твојата идеја?

Сподели!
- Advertisement -