Електричен автомобил кој чини само 4.000 долари стана вистински хит

- Advertisement -

Најголем удел на пазарот за електрични автомобили има Tesla со својата линија возила S3XY (моделите S, 3, X и Y), но се поголема побарувачка има за моделите од помалку познати компании, кои особено се популарни во Кина. Еден од таквите модели е минијатурниот електричен автомобил Hong Guang MINI EV, кој е дел од брендот Wuling, кој е заедничка инвестиција на SAIC, Liuzhou Wuling Motors и американскиот GM.

Автомобилот беше претставен во март годинава, додека во автосалоните се појави на крајот на јули, а после само 20 дена интересот за автомобилот е фантастичен. Веќе првата недела биле продадени над 7.300 возила, а по дваесет дена продадени се над 50.000 возила. Иако бројките изгледаат неверојатни, со оглед на тоа дека станува збор за електричен автомобил, причината за толку големата побарувачка е јасeн – ниската цена. Според страницата Inside EVs, цената е од 4.100 до 5.500 долари.

- Advertisement -

Со таква цена јасно е дека не треба да очекуваме конкурент на Teslа, но за луѓето кои бараат мал градски автомобил Hong Guang MINI EV е идеален избор. Автомобилот е пократок од 3 метри и потесен од 1,5 метри, а и покрај малите димензии, може да собере четворица патници. МОже да се отстранат задните седишта и да се отвори простор за багаж од 741 литар. Достапни се два модели на батерии – 9,2 kWh, со која возилото може да помине 120 км со едно полнење и 13,8 kWh, која може да помине до 170 км.

Максималната брзина на автомобилот е 100 км/ч. Тоа не се спектакуларни бројки, но на многумина ќе им бидат сосема доволни за кратки релации и градско возење.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -