Меѓу мноштвото модни додатоци инспирирани од пандемијата на новиот корона вирус се најде и синџир кој ја држи маската кога не ја користите. Овој моден додаток го креираше дизајнерката и блогерка за компанијата Pretty Connected, Лара Еурдолиан.
Еурдолиран креираше цела линија синџири за држење на фотоапарати, заштитни маски, шишиња со води и други предмети кои ги користиме секојдневно и сакаме да ни бидат на дофат на рака. Сите нејзини креации станаа многу популарни, а креаторката на својот Instagram профил наведува дека се продаваат со неверојатна брзина и дека се барани во целиот свет.
Нејзината цел била да креира нешто што на луѓето ќе им помогне никогаш да не ја заборават својата маска дома. Додава и дека е свесна дека не е препорачливо да се носи маска околу зглобот на раката, на челото, на брадата или во торба тогаш кога не се користи, а синџирот е идеално решение за тој проблем.
(Кlix.ba, Pretty Connected)
(фото: Pretty Connected)