Саемот на книга 2020 ќе се одржи од 8 до 14 септември на отворено во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“, кај Аква Паркот под монтажни објекти, информираат организаторите.
„Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца. Согласно Протоколите за спречување на ширење на корона вирусот, пропишани од Владата, за Саeмот на книга 2020 ќе бидат обезбедени сите мерки за кои посетителите и изложувачите ќе бидат соодветно информирани. Заради безбедноста прв пат оваа година Саемот на книга ќе се одржува на отворен простор,“ се вели во соопштението.
Работното време на саемот е од 10 до 20 часот, а на 14 септември од 10 до 17 часот. Билетот за влез чини 30 денари, а за деца и млади до 18 години изнесува 20 денари. Истите ќе може да се набават онлајн и на билетарите пред влезот на саемот.
Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура.