Белорусија ќе биде првата земја во светот која ќе ја добие руската вакцина против корона вирусот, изјави белоруската новинска агенција Belta. Од агенцијата наведуваат дека претседателот на Русија, Владимир Путин, телефонски разговарал со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.
Според наводите на Beltа, Путин и Лукашенко разговарале за ситуацијата во Белорусија и се согласиле таа земја да учествува во третата фаза од тестирањата на руската вакцина Sputnik V.
Путин претходно овој месец на 11 август објави дека неговата влада официјално ја одобрила руската вакцина против корона вирусот и дека Русија ќе биде првата земја во светот која регистрирала вакцина против вирусот. Тоа наиде на негодувања и критики од многу страни затоа што како што наведуваат, вакцината не ги поминала сите потребни тестирања за да се потврди нејзината безбедност и ефикасност.
(Аnadolu Agency)
(фото: Pixabay)