Уште 1 милион Американци поднесоа барање за помош за невработени

- Advertisement -

Во само една недела 1 милион Американци поднесоа барање за помош за луѓе кои по прв пат во животот се невработени. Тоа е во согласност со очекувањата на економистите и мал пад во однос на минатата недела, но овие бројки сепак се разочарувачки.

Досега од почетокот на март само една недела во текот на август имало помалку од 1 милион такви барања. Сепак, континуираниот пад на бројот на таквите барања значи дека некои луѓе кои ги изгубиле работните места во текот на кризата повторно се враќаат на работа.

- Advertisement -

Ако не се пресметуваат сезонските промени, со што податоците за невработеност се малку поинакви, сликата за тековната ситуација е малку поинаква, но не и подобра. Минатата недела биле поднесени околу 820.000 такви барања, но дополнителни 607,806 Американци поднеле барање за помош за невработени во пандемија, односно една од програмите кои ги создаде Конгресот за да им помага на работниците кои немаат пристап до регуларните владини програми. Со тоа вкупниот број на луѓе кои барале финансиска помош е 1,4 милиони.

Вкупно 27 милиони Американци поднеле барање за некаков тип на парична помош за невработени. Дополнителаната неделна помош од 600 долари која ја воведе Конгресот заврши на крајот на јули и досега не е постигнат договор за уште една рунда помош. Претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба за плаќање на дополнителни неделни додатоци од 300 долари. Поединечните држави можат да исплаќаат дополнителни 100 долари за вкупно 400 долари помош, но многу од сојузните држави велат дека не можат да си го дозволат тоа.

- Advertisement -

Администрацијата на Трамп тврди дека тие 600 долари помош кои им ги давале на невработените се повеќе од тоа што го заработувале додека работеле. Но, тврдат дека тие пари ги одвратиле луѓето од барање нова работа. Сепак, досега нема индикации дека укинувањето на таа помош во јули резултирало со намалување на невработеноста.

(CNN Business)

- Advertisement -

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -