Нивото на антителата на новиот корона вирус се зголемува и останува стабилно четири месеци кај повеќе од 90% од пациентите на Исланд кои оздравеле од КОВИД-19, покажа најновата стдија објавена вчера.
Претходните студии покажаа дека нивото на антителата значително паднало за само неколку месеци после закрепнувањето од КОВИД-19, поради што се поставуваше прашањето за траењето на стекнатиот имунитет.
Новото откритие може да доведе до заклучоци врзани за повторното заболување и трајноста на вакцината, вели главниот директор на deCode Genetics, Кари Стефансон, кој го предводел истражувањето.
За да добијат претстава колку луѓе на Исланд биле заразени со корона вирусот и да дознаат повеќе за имунитетот после закрепнувањето од болеста, истражувачите го мереле нивото на антителата на над 30.000 жители на Исланд.
Врз основа на добиените резултати процениле дека биле заразени околу 1% од жителите. Од таа група 56% имале дијагноза потврдена со стандарден лабораториски PCR тест. Кај 14% болеста не била официјално дијагностицирана, но биле во карантин после изложеност на вирусот. Кај останатите 30% анализата на антителата покажала дека претходно биле заразени.
Кај 91% од 1.215 луѓе, кај кои заразата била потврдена со PCR тест, нивото на антителата растело во текот на првите два месеци после дијагнозата, а потоа достигнал највисока точка на која се задржал, велат истражувачите.
Истражувањето објавено во The New England Journal of Medicine било фокусирано на хомогено население на една земја, па резултатите можеби не би биле исти во други делови од светот со поинакво население.
Коментарот објасен заедно со студијата предупредува на тоа дека не е јасно дали антителата ќе можат да ги заштитат оздрваените пациенти од нова инфекција со вирусот. Но, сепак, покажува дека тестирањето на антителата може да биде алтернатива на самото тестирање на инфекцијата и може да има подобри резултати во набњудувањето на популацијата, додека земјите размислуваат за можноста за безбедно отворање на стопанството и училиштата.
(Bizlife, NBC News)
(фото: Wikimedia)