Хрватската пошта купи компанија која за доставувачи користи граѓани, студенти и пензионери

- Advertisement -


Хрватската пошта извести дека купила 100% удел во компанијата Locodels. Се оечкува заклучувањето на купопродажбата да биде спроведено до крајот на октомври. Locodels е компанија која се занимава зо градска достава, а според податоците од нејзината веб-страница, најголем број купувачи доаѓаат од мали компании со потреба за испраќање помал број пакети секој ден. За доставувачи ангажира граѓани, студенти и пензионери и професионални возачи како таксисти или кластични доставувачи.

„За Хрватската пошта ова претставува влез на пазарот за алтернативни модели на достава“ велат од поштата и додаваат дека услугата на почеток ќе биде наменета само за бизнис корисници.

- Advertisement -

Сопственикот на Locodels, Стевица Кухарски, спојувањето со Хрватската пошта го смета како голема поттик за државната стартап заедница и моќен потенцијал за понатамошен раст на услугата.

Сподели!
- Advertisement -