Руската вакцина против коронa вирусот поттика создавање антитела кај сите 76 учесници во тестирањето

- Advertisement -

Руската вакцина против КОВИД-19 поттикна создавање антитела кај сите учесници во раните фази од клиничките испитувања, покажаа резултатите од тестирањата, а беа објавени во медицинското списание The Lancet.

Резултатите од двете испитувања, спроведени во јуни и во јули годинава на вкупно 76 учесници. покажале дека 100% од учесниците развиле антитела на новиот корона вирус и дека немале сериозни нуспојави, наведува списанието.

- Advertisement -

Русијата е првата земја во светот која регистрираше вакцина во две фзи за домашна употреба, и тоа пред да бидат објавени какви било податоци за нив и пред почетокот на масовното тестирање.

Двете испитувања во времетраење од 42 дена, кои опфаќаа по 38 здрави возрасни испитаници, не покажаа никакви сериозни штетни последици кај ученсниците и потврдија дека кандидатите за вакцина против корона вирусот поттикнале создавање на антитела. Потребни се големи, долготрајни испитувања кои вклучуваат споредба со плацебо и понатамошно следење за да се утврди долгорочната ефикасност на руските вакцини“, пишува The Lancet.

- Advertisement -

Со ова одговоривме на сите прашања од Западор во последните три недели, со цел фрлање дамка на руските вакцини. Сега ние ќе почнеме да поставуваме прашања за некои вакцини од Западот“ изјавија од рускиот Фонд за директни инвестиции, државен инвестициски фонд кој го финансираше развојот на вакцините.

Првите резултати од масовното тестирање на руските вакцини, кое почна минатата недела, се очекуваат во октомври или во ноември. Ќе бидат опфатени 40.000 луѓе, а веќе се пријавија 3.000 доброволци.

- Advertisement -

(Noviu List)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -