Грчкиот остров Икарија, со површина од 150 квадратни километри и 10.000 жители, околу 50 км оддалечен од брегот на Турција, се споменува уште во Илијадата. Денес ова е едно од местата кои го будат интересот на научниците поради фактот дека просечниот човечки век на островот е значително подолг отколку на други места.
Секој трет жител на Икарија достигнува до десеттата деценија од животот, а овде живеат и најмногу луѓе кои имаат 100 години отколку каде било. Причините за тоа се различни. Се претпоставува дека во прашање е чистиот морски воздух, домашното вино и незагадената храна, бавното темпо на живот, медот и лековитите билки, умерената физичка работа, отстуството на стрес, здравиот сон, здравата социјална клима и редовното дружење со пријателите и роднините, Меѓутоа, ништо од тоа најверојатно не би било доволно само по себе.
„Овде имаме чиста вода и чист воздух. Знаете, тоа е она што е битно“ вели 90-годишниот жител со прекар Џејмс Дијн од Икарија. Меѓутоа, како што открива, тајната на неговата долговечност е страста.
Локалниот доктор Илијас Леријадис вели дека на Икарија постојат сите предуслови за добар живот, здраво тело, здрав дух, многу социјално дружење, многу прославување.
Неодамна еден 92-годишен жител дојде во мојата ординација и ми рече: “Докторе, и покрај мојата старост, јас се уште можам да правам се“, вели Леридијас.
101-годишниот Димитриос Хруси, пак, има свој рецепт за долгиот живот – малку стрес и здрава храна. „Јадам многу риба, месо не повеќе од двапати неделно. Обожавам леќа, грашак и грав“, вели тој. Неговата сопруга неодамна наполнила 93 години.
Луѓето на овој остров во просек живеат 10 години подолго отколку што е просекот во остатокот од Европа. Зaтоа Икарија стана познат како остров на стогодишните луѓе.
(Bizlife, DW)
(фото: Needpix)