Септември, вообичаено, е месецот кога домаќинствата имаат најголеми трошоци, особено доколку во семејството има ученици. По летниот одмор, родителите ги чека шопинг треска која кулминира со нови ранци за в училиште, тетратки, боички, моливи, есенски јакни и нови патики затоа што детето ги надраснало ланските… Годинава за првпат треската на трошење се сели во октомври. Можеби нема да бидат потребни нови ранци поради онлајн наставата, но тоа е само причина повеќе времето дотогаш да се искористи за совладување неколку техники за штедење. Од Рептил маркети се согласија да откријат неколку трговски тајни што може да наведат на поголемо трошење со предлог техники како да им одолеете додека пазарите.
- Пазарете сами!
Кога пазарите сами, купувате 65 отсто помалку производи отколку кога во маркет одите во друштво, покажува студија што е спроведена во Австралија од здружението Чојс. Паровите кои купуваат заедно често во количката ставаат повеќе производи отколку кога купуваат сами, затоа што секој од нив има различен став за тоа што е важно. Од искуство знаеме дека и децата го одвлекуваат вниманието во маркетот, но и навиваат за производи кои не сте планирале да ги купите.
- Слушајте смирувачка музика додека пазарите
Ако ритамот на музиката во маркетот е брз и стимулирачки може да Ве наведе и да купите повеќе од она што е потребно. Со себе носете слушалки и на мобилниот пуштете си музика со смирувачка мелодија, затоа што може да Ви помогне да донесете подобри одлуки при изборот на производите.
- Јадете пред да одите на шопинг
Гладните потрошувачи купуваат многу повеќе намирници од ситите. Независно дали планирате да пазарите од дома, односно преку интернет или во маркет, важно е да сте сити. Истражување од Универзитетот во Минесота покажува дека кога сте гладни инстинктивно купувате и производи кои вообичаено не ги консумирате. Гладниот потрошувач во маркетот троши и до 60 проценти повеќе. Интересно е што гладот стимулира и купување и на непрехранбени производи.
- Купете замрзната риба наместо свежа
Замрзнатата риба е често поевтина од свежата. Со напредок на технологијата на замрзнување, рибите сега се замрзнуваат набрзо откако ќе ги уловат. Со тоа вкусот на рибата е зачуван, таа е одлична и поевтина алтернатива од свежата и може да комбинирате од двете понуди. Слободно збогатете го домашното мени – во маркетите има голем избор на замрзната морска храна, која е вкусна и богата со хранливи вредности. Слично како и со замрзнатото овошје и зеленчук, кое се чека да созрее пред да го наберат и во рок од неколку часа веднаш го замрзнуваат, па се случува замрзнатиот производ да содржи и повеќе витамини и нутриенти од свежото кое се собира недозреано и поминало неколку недели во фрижидерите додека да стигне до потрошувачот.
- Купувајте на попусти и акции
Во Рептил маркетите на понуда секогаш има неколку вида на намалувања на цените. Првенствено со зачленување во Рептил клуб потрошувачот добива клуб картичка со која ќе го оствари правото на попуст. Намалувањето на цената на производот е до 10 отсто, а на секој месец и половина се менуваат производите. Рептил подготвува и каталог каде можете да ги видите производите кои се на попуст. Втор начин на штедење во овие маркети е преку Рептил Cashback World членството, откако ќе се зачлените доволно е да ја покажете картичката на каса додека плаќате. Заштедата ќе ја добиете директно на вашата банкарска сметка. Рептил секогаш нуди и богати викенд акции – намалување на цените на одредени атрактивни производи во петок, сабота и недела. Со купон промоциите пак секогаш можете да добиете попуст на атрактивни производи потребни во домаќинството.
- Разгледајте го каталогот со попусти пред да пазарите
Маркетите издаваат каталози со производи што се на попуст и информација колкаво е намалувањето. Овие попусти важат и кога купувате преку Интернет и вообичаено на првата страница има информација за акцијата со попусти која е активна во моментот. Не пропуштајте да се запознаете со производите, одберете според потребите и заштедата оставете ја следното пазарење. Можеби вреди да се купува на големо и дел од намирниците да се замрзнат за подоцнежна употреба, но претходно информирајте се кои производи ја задржуваат структурата и по замрзнувањето.
- Пазарете со список на потребни намирници
Многу важен момент е кога пазарите да имате список со намирници кои ќе ги користите за подготовка на оброци во претстојните денови. На тој начин се избегнува импулсивното купување, или пак, ако видите нешто што ќе ви се допадне, вметнете го во списокот за следното пазарење. Купувањето со список е толку ефикасно што може да скрати од 30 до 50 проценти од вашата сметка.