Скопје има еко дрон патрола која бара загадувачи на животната средина

- Advertisement -

Град Скопје информира дека во соработка со Здружението „ЕРГОС“ Скопје започнале еко дрон патрола, односно прелети  со дрон низ територијата на Скопје во потрага по потенцијални загадувачи, огнови на отворено и можни создавања на диви депониии, пренесува Радио МОФ.

Во рамките на оваа соработка, ЕРГОС Скопје во партнерство со Центарот за одржлив развој Елипса досега реализицираше 12 прелети со еко дрон над земјоделските површини во околината на градот и не е забележано ниту едно палење на стрниште или создавање на нова дива депонија. Следното прелетување со дрон ќе се направи во текот на следната недела и дел од прелетите ќе се емитуваат во живо на официјалната фејсбук страницата на Град Скопје“, соопштуваат градските власти.

- Advertisement -

Според Градот, еко дрон патролите ќе вршат прелети во текот на месеците септември, октомври и ноември со цел во текот на овие три месеци кога завршуваат земјоделските активности во атарите на градот да ги откријат и евидентираат загадувачите во Скопје.

„По извршените прелети со дрон над околината на градот, снимките и фотографиите се предадат како материјали на инспекторите во Град Скопје за тие да можат веднаш да реагираат на терен, да поднесат пријава и да ги гонат потенцијалните загадувачи“, велат од Градот.

- Advertisement -

Овој проект е дел од Програмата за активностите на Град Скопје од областа на соработка со здруженија на граѓани и фондации за 2020 година.

Целта на еко дрон патролата, дополнуваат од Градот, е да се подобри животната средина со зголемување на мотивацијата, но и активно вклучување на локалното население, пред се’ земјоделците од околината на Скопје, во процесот на унапредување на животната средина и спречување во загадување на воздухот, водите, почвата и јавни зелени површини.

Сподели!
- Advertisement -