Се создава „Google Maps“ за човековото тело

- Advertisement -

Човековото тело е составено од трилиони клетки кои се невидливи со голо око. Иако модерната наука има откриено многу детали околу мистеријата за тоа како овие клетки доаѓаат во интеракција, вистината е дека пред нив се уште многу непознаници.

„Нашите можности за мапирање на човечкото тело се ограничени. Немаме доволно податоци во моментов со кои би ги адресирале различните болести“, објаснува Џонатан Силверстејн, вонреден професор на Школата за медицина при Универзитетот во Питсбург.

- Advertisement -

Силверстејн е дел од меѓународен тим на медицински научници кои развиваат интерактивна 3Д мапа на човечкото тело, опишана како „Google Maps на телото“. Преку неа треба секому да му се овозможи да навлезе во анатомијата на човечкото тело на ниво на клетки.

Проектот е наречен Програма за човечкиот биомолекуларен атлас или скратено „HuBMAP“, преку кој треба да се создаде атлас кој ќе биде најчесто користен од медицински лица за да им помогне во визуализација, проучување и разбирање на човековото тело до неверојатни детали.

- Advertisement -

Проектот е составен од 18 тимови низ САД и Европа кои соработуваат меѓусебно. Со цел да се мапира човечкото тело, научниците земаат примероци на крв од различни делови на телото од донатори. Овие примероци потоа се поврзуваат дигитално за да се создаде 3Д мапа на телото.

Кога ќе биде целосно функционален „HuBMAP“ на корисниците ќе им нуди увид не само во деталите на ситните анатомски структури, туки и во физиологијата на самите ткива и органски системи, сè до внатрешната биохемија на секоја од десетината милијарди различни клетки од кои е составено телото.

- Advertisement -

Целосната мапа ќе има најразлични практични можности за примена. На, пример, ќе може да помага на докторите во проучување на развојот на болестите, а на медицинските едукатори ќе им овозможи визуелен приказ на телото за нивните пациенти и студенти.

На почетокот на септември „HuBMAP“ ги објави јавно првите податоци на нивниот портал.

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -