Поради пандемијата, а особено поради карантините цветаат онлајн бизнисите. Дури и постарата популација почна да нарачува продукти онлајн. Некогаш по евтина немаркирана облека се идеше на пазар,но денес сето тоа се нарачува од Кина. Имено, преку интернет најмногу се купува облека.
Покрај облека, виртуелно најмногу се купуваат обувки, а потоа продукти за домот. Поради пандемијата, на листата со производи кои се купуваат онлајн се додадени и свежите прехрнбени продукти, а се намали обемот на патувања и продажбата на билети за забавни содржини. Резултатите сепак се позитивни затоа што онлајн продажбата доживеа значителен пораст.
Некои големи светски компании целосно го префрлаат својот бизнис онлајн и ги затвораат своите физички продавници. Според проценките на експертите, за пет години отсега ќе остане само една третина од физичките продавници во светот.
(Dnevnik.hr)
(фото: Pixabay)