Повик за млади претприемачи за развој на зелени и социјални бизнис идеи

- Advertisement -

Здружението за социјални иновации „АРНО“ ги повикива сите млади на возраст од 18 до 35 години и кои имаат желба да ги развијат своите бизнис идеи.

Сите млади кои имаат идеја или иновативно решение за нов и подобар пристап кон природата, образованието, зајакнување на жените, културата, руралниот развој, здравството или вработувањето имаат уште десет дена – до 27-ми септември, да аплицираат за програмата Регионален инкубатор за социјални претприемачи – РИСЕ и да добијат поддршка за развој на своите идеи од нула.

Здружението за социјални иновации „АРНО“ ги повикива сите млади на возраст од 18 до 35 години и кои имаат желба да ги развијат своите бизнис идеи со кои се нуди решение за некаков општествен или еколошки предизвик да аплицираат на следниот линк.

- Advertisement -

Програмата освен менторска и експертска поддршка нуди и мотивација, инспиративни приказни, дружење и регионални вмрежувања. На крајот од првата фаза, два избрани тима од секоја земја ќе добијат финансиска и експертска поддршка за понатамошен развој на зелениот/социјалниот бизнис.Можеби ќе ве интересира

Според Ирина Јаневска, од организацијата АРНО која е локален инкубатор на проектот РИСЕ, нашата земја има прекрасни примери на млади луѓе кои не се само претприемачи ориентирани кон профит, туку се млади кои преку своите бизниси прават добро за земјата и заедниците.

- Advertisement -

– Го имаме примерот на еко-магионичарот Кристиан Шопов кој преку своето еко социјално претпријатија едуцираше еден куп млади дека пластиката не може „магично да исчезне“, го имаме примерот на тимот на Challenger кој завчера за само 24 часа успеа да дојде до 500 корисници кои ја користат нивната мобилна апликација и се мотивираат да пешачат и возат велосипед. Имаме креативни млади, ги каниме да аплицираат и да се впуштат во патешествието RISE Journey. Веруваме дека нема да биде лесно, ама ветуваме дека ќе биде забавно, изјави Ирина Јаневска од АРНО.

Проектот Регионален инкубатор за социјално претприемништво – РИСЕ е развиен и мониториран од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), ГРУПА СОС Пулс, Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), Францускиот институт и Француско-германската канцеларија за млади (ОФАЈ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО, Balkan Green Foundation, Nesto vise, Smart Kolektiv, IEC Tehnopolis и Yunus Social Business. Проектот е кофинансиран од Француската агенција за развој (АФД) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

Сподели!
- Advertisement -