„Жив“ сандак беше по прв пат употребен во Холандија. Сандакот е направен од мицелиум, сложен систем направен од испреплетени влакна кои се наоѓаат во вегетативниот дел од габите. Ковчегот се вика Living Cocoon (жив кожурец), а го направи холандскиот стартап Loop како одржлива опција за закопување на мртовци.
Боб Хендрикс, основачот на Loop, изјави дека не присуствувал на првиот закоп со новиот ковчег, но со роднините на починатата жена разговарал за циклусот на живот. Нејзиниот син бил тажен, но истовремено и среќен затоа што благодарение на ковчегот таа ќе може да се врати назад во природата и повторно да живее како дрво.
Хендрикс објаснува дека мицелиумот ги неутрализира токсините и обезбедуа хранливи состојки за растенијата кои растат над почвата. Но, мицелиумот има други природни својства кои имаат различна примерна. Мицелиумот постојано бара отпадни продукти како нафта пластика, метали и други загадувачи и ги претвора во хранливи материи за околината. На пример, мицелиумот се користел во Чернобил после несреќата, во Ротердам за да се исчисти почвата итн.
Ковчегот претставува можност за човечките тела да ја нахранат почвата откако ќе заврши нивниот животен век. Дрвените ковчези се распаѓаат повеќе од една деценија, а офарбаното дрво и металните делови уште повеќе го забавуваат распаѓањето. Додека, ако се користат ковчези од мицелиум, може да се забрза распаѓањето. Ковчегот од мицелиум се апсорбира во почвата за 4 до 6 недели и со тоа се забрзува и распаѓањето на телото. Целиот процес на распаѓање може да заврши за три години.
Моментално Loop соработува со истражувачи за да се утврдат ефектите на човечките тела врз квалитетот на почвата. Според Хендрикс, компанијата се надева дека ќе ги убеди креаторите на политики да ги претвори загадените области во шуми.
(Inhabitat)