НАСА создаде систем кој може самостојно да приземји летало на која било планета

- Advertisement -

Научници на НАСА развија нова технологија која треба да осигура побезбедно и попрецизно слетување на леталата на други планети. Како што истакнаа на презентацијата на системот, слетувањето на која било планета е ризично затоа што од голема оддалеченост тешко се управува со леталата. Треба да се земе предвид и конфигурацијата на теренот, но и атмосферските услови.

Затоа од американската вселенска агенција осмислија интелигентен систем кој ќе осигура безбедно слетување и без асистенција од човек пилот. Технологијата се состои од комбинација на ласерски сензори, камери, брзи компјутери и софистицирани алгоритми кои на леталото му даваат еден вид на очи и мозок за брзо да сними и да го анализира потенцијалното место за слетување, да ги идентификува потенцијалните опасности и да го прилагоди своето патување за да слета на најбезбедно место. Токму благодарение на таа технологија леталата во иднина може да преземат контрола и сами да слетаат, олеснувајќи ја така мисијата на астронаутите.

- Advertisement -

Секое планетарно тело има свои единствени услови. Затоа овој систем е дизајниран да го интегрира слетувањето на која било планета или месечина, велат од НАСА. Она што го создаваме овде е целосен систем за спуштање и слетување кој ќе биде применет во идните мисии на Месечината, а потоа да биде прилагоден за Марс.

Три од четири клучни компоненти од новата технологија, која од НАСА ја нарекоа SPLICE, треба да се тестираат на идните мисии на Blue Origin со ракетата New Shepard. Четвртата компонента ќе се тестира во некоја од идните мисии.

- Advertisement -

(NASA)

(фото: Dеposit Photos)

Сподели!
- Advertisement -