Од денес е забрането преземање на „TikTok“ и „WeChat“ во САД

- Advertisement -

Кинеските апликации „TikTok“ и „WeChat“ од недела ќе бидат забранети во САД, соопшти вчера американското Министерство за трговија, повикувајќи се на закани по „националната безбедност“, пренесува српски „Данас“.

„Комунистичкатка партија на Кина покажа дека има средства и намери да ги искористи овие апликации за да ја загрози националната безбедност, надворешната политика и економијата на САД“, се наведува во соопштението на министерството.

- Advertisement -

Со тоа, САД ја спроведоа заканата која ја упати претседателот Доналд Трамп кон овие две кинески апликации.

Администрацијата на Трамп ѝ даде рок до 20 септември на кинеската компанија „Бајтденс“, во чие сопствеништво е апликацијата „TikTok“, да постигне договор за продажба или да прекине со деловната активност на територијата на САД.

- Advertisement -

Вашингтон, сепак, ја остави отворена вратата за оваа популарна апликација кај младите, пред целосно да ја забрани нејзината работа во Америка.

„Претседателот остава до 12 ноември да се решат проблемите со националната безбедност кои ги претставува „TikTok“. Забраните може да бидат укинати ако се направи тоа“, се додава во соопштението на министерството.

- Advertisement -

Американските гиганти „Мајкрософт“ и „Волмарт“ дадоа понуди за купување на американските на „TikTok“, но компанијата „Бајтденс“ ја одби ваквата понуда. Се чини дека сега се подготвува договор за продажба на апликацијата на калифорниската корпорација „Оракл“, но засега не се откриени детали.

„Иако заканите кои ги претставуваат ‘WeChat’ и ‘TikTok’ не се исти, тие се слични. Секоја собира значителна количина на податоци од корисниците“, додаваат од министерството за трговија.

Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -