ВИДЕО: Во Дубаи ќе биде изграден првиот ротирачки облакодер во светот

- Advertisement -

Жителите на новиот хотел во Дубаи ќе можат да го гледаат и изгрејсонцето и заоѓањето на сонцето од една иста просторија во домот – хотелот ќе може да се врти за цели 360 степени. Dynamic Tower Hotel е во изградба уште од 2008 година, а ќе биде готов во 2020 година.

Облакодерот ќе им овозможи на жителите да ја гледаат целата околина, пишува DailyMail. Становите ќе бидат изградени на поединечни катови на оваа зграда висока 80 ката, а секој ќе ротира независно од другите околу бетонскиот центар со гласовни команди кои ќе ги задаваат жителите.

- Advertisement -

Зградата ќе има и турбини поставени хоризонтално помеѓу катовите и соларни панели на покривот, кои ќе овозможат да функционира целосно независно од електричната мрежа. Во 2013 година беше објавено дека ќе има вкупно 79 турбини на ветар кои ќе генерираат доволно енергија за целата зграда.

Компанијата која го гради облакодерот, Dynamic Group, тврди дека овој хотел ќе нуди целосно велнес искуство и не постојат толку ѕвезди за да се оцени она што ќе може да го добијат луѓето таму. Облакодерот ќе биде составен од претходно изготвени станови и катови кои потоа ќе бидат прикачени за бетонскиот центар на структурата.

- Advertisement -

Облакодерот ќе има и базни за пливање, градини, па дури и лифтови за возила, што значи дека жителите ќе можат да ги паркираат автомобилите веднаш до станот. Оваа 80-катница ќе чини вкупно 400 милиони евра.

Сподели!
- Advertisement -