Во угледното научно списание Nature објавена е анализа која опфаќа неколку истражувања со нов поглед на начинот на ширење на корона вирусот.Како што пишува списанието, нови истражувања покажуваат дека освен преку кивање и кашлање и физички контакт, корона вирусот може да се шири и со обичен говор преку ситните капки наречени аеросоли кои се движат низ воздухот и се акумулираат со тек на време.
Научници од американскиот Национален институт за здравје пресметаа дека за една минута гласно зборување во затворена просторија една заразена личност генерира повеќе од 1.000 мали вируси преку аеросоли и тие во воздухот остануваат најмалку 8 минути.
Такви случаи се забележани само околу три во литературата. Имено, во поголем простор како автобус, ресторан или канцеларија една личност била заразена и потоа преку воздухот вирусот отишол на оддалеченост поголема од два метри и ја заразил личноста на другиот крај. Се зависи од условите ви затворените простори, па затоа проветрувањето и циркулацијата на воздухот се многу битни.
Уште побитно е, ако е возможно, да не се користат вентилатори и други вентилациски системи во затворен простор. Ако ние го движиме воздухот, тогаш тие ситни капки во кои се наоѓа вирусот ќе се шират и ќе овозможиме да дојдат до други луѓе.
Есента ни е пред врата, а со тоа и поголемата опасност од зараза, покажа едно истражување. Летната сончева светлина за шест минути успеала да уништи 90% од вирусите во вештачка плунка. За истиот ефект да се постигне во сенка, односно во мрак, научниците во Вашингтон чекале 125 минути.
Човекот во зимските месеци заболува од болести на дишните органи и тоа главно вирусно, но има и многу бактериски заболувања. Причината е едноставна – во зимскиот период настануваат промени во атмосферата поради кои влегуваме дома и се затвораме, а настануваат и промени во дишните системи. Сето тоа доведува до ситуација тие вируси и бактерии полесно да преминат од еден човек на друг.
Во секоја болест клучен фактор е и имунолошкиот систем, како и придржувањето до епдиемиолошките мерки.
(Dnevnik.hr)
(фото: Flickr)