Копенхаген ќе стане првиот карбонски неутрален град до 2025 година

- Advertisement -

Главниот град на Данска, Копенхаген, ги поставува стандардите за паметните градови во светот така што до 2025 година ќе стане првиот град кој е карбонски неутрален. КОпенхаген е познат по своите канали, одличната велосипедска култура, силната економија, вкусната храна, неверојатната архитектура и љубезните жители. Тоа е еден од градовите со најсреќно население, а тоа е главно поради краткото работно време, бесплатното образование, долгиот годишен одмор и високото ниво на здрава лична интеракција.

Данците дефинитивно знаат да уживаат и држат високи стандарди во се. Кај нив водата од чешма постојано се тестира за да биде чиста, здрава за пиење и нема потреба за додавање хлор и хемикалии, а достапна е бесплатно на бројни локации во градовите.

- Advertisement -

Копенхаген во 2009 година си зададе цел кога беше домаќин на глобалната климатска конференција COP15 да биде мотивација, инспирација и пример за другите градови во светот. Во склоп на Парискиот климатски договор, ЕУ се обврза да биде карбонски неутрална до 2050 година. Седумнаесет членки на Алијансата на карбонски неутрални градови ветија дека до 2025 година ќе ја намалат емисијата за 80%. Копенхаген тогаш најави дека во 20205 година ќе стане првиот град кој ќе биде карбонски неутрален и изгледа е на добар пат да го оствари тоа.

Главниот град на Данска се обврза дека нема да испушта јаглерод диоксид во атмосферата. Со други зборови, карбонската емисија се балансира со финансирање на иста количина на заштеда на други места.

- Advertisement -

Карбонската неутралност се постигнува на два начини: со балансирање на емисијата на јаглерод диоксид надвор од природните процеси или со отстранување/одвојување на јаглерод диоксидот од атмосферата за да се создаде надомест за емисија на други места.

За да се намали карбонската емисија, потребно е да се елиминира употребата на јаглен. Јагленот го менува гасот, но тоа е уште едно фосилно гориво. Вистинскиот одговор е имплементација на 100% обновливи енергетски системи. Целта на Копенхаген да биде карбонски неутрален до 2025 година е да биде фокусиран на растот, вработеноста и квалитетот на живот.

- Advertisement -

Овој град во 2014 година стана Главен град на Зелена Европа и претставува модел за зелена економија. Данска е одлучна до 2050 година да стане целосно независна од фосилните горива.

Smart City Copenhagen практично е лабораторија во која се живее, тоа е град каде што се тестираат паметни технологии за да се пронајдат решенија за предизвиците кои ги носи урбанизацијата и климатските промени. Употребата на паметна технологија помага за унапредување на доживувањето на градот.

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -