Национален парк во Тајланд на посетителите им го испраќа по пошта ѓубрето што го оставиле зад себе

- Advertisement -

Никогаш не треба да фрлате отпад на несоодветни места, а особено не во Националниот парк Као Јаи во Тајланд. Taму има посебно задолжени лица ќе го соберат несоодветно фрленото ѓубре, ќе ве најдат и буквално ќе ви го испратат ѓубрето по пошта. Таа поштенска пратка сигурно нема да ве израдува.

Како што пишуваат некои локални тајландски медиуми, министерот за животна средина на Тајланд, Варавут Силпа-Арка, неодамна споделил фотографии на Facebook од кутии полни со ѓубре собрано од националниот парк. Кутиите се испратени до луѓето кои го оставиле ѓубрето во паркот. Во својата објава тој додава дека ќе им го испрати секое парче ѓубре на туристите како сувенир.

- Advertisement -

Но, се прашувате како ренџерите во паркот знаеле каде да го испратат ѓубрето? Според BBC, кога посетителите ќе дојдат во паркот, тие ги внесуваат своите контакт информации, што значи дека ренџерите лесно ќе ги идентификуваат загадувачите и нивните адреси.

Една од најголемите причини зошто фрлањето ѓубре е штетно за околината е затоа што претставува огромен ризик за животните. Како што објасни Силпа-Арка на Facebook, „не заборавајте пред да заминете да го ставите ѓубрето во корпите за да не ги загрозите дивите животни во паркот“.

- Advertisement -

Животните, како и рибите честопати мислат дека ѓубрето е храна и ако го изедат, можат да умрат. Животните може, на пример, и да се заплеткаат во некои пластични отпадни продукти, скршеното стакло може да ги исече, може да си ја заглават главата во некои садови или конзерви, пластичните сламки може да им се заглават во носот итн.

(Green Matters)

Сподели!
- Advertisement -