„Google Maps“ ќе покажува каде има жаришта на Ковид-19

- Advertisement -

„Google Maps“ воведува нова услуга преку која ќе ја покажува состојбата со Ковид-19 во земјите од светот со цел да се овозможи побезбедно патување во време на пандемијата со коронавирусот, пишува Радио МОФ.

Новата алатка се нарекува „Ковид подлоги“ (COVID layers) и треба да помогне на луѓето кои сакаат да ги избегнат местата со висок број на случаи со Ковид-19.

- Advertisement -

Корисниците кои ќе ја вклучат оваа опција ќе добиваат мапи со локации обележани во различни бои во зависност од бројот на случаи со коронавирусот на 100.000 жители во последните седум дена. Дополнително мапите ќе покажуваат и дали овие бројки растат или се намалуваат.

Гугл извести дека ќе се обезбедат податоци за 220 држави и територии кои во моментов се поддржани преку апликацијата. Информациите ќе се преземаат од повеќе извори, меѓу кои Њујорк Тајмс, Универзитетот Џон Хопкинс и Википедија. Тоа се истите извори кои во моментов Гугл ги користи за информации за Ковид-19 во нивниот пребарувач.

- Advertisement -

Новата опција е пуштена во употреба на 23 септември, а оваа недела се очекува да стане достапна за корисниците на „Google Maps“ на Андроид и иОС.

Сподели!
- Advertisement -