СЗО: Брзи корона-тестови за посиромашните земји

- Advertisement -

Светската здравствена организација се потпира на брзи тестови за Ковид-19 во борбата против пандемијата во земјите со ниски и средни примања. На 133 земји треба да им бидат доставени 120 милиони т.н. антиген-тестови, пренесува Дојче Веле.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека се договорила со партнерите да осигура 120 милиони брзи тестови на коронавирусот за државите со ниски и средни приходи на населението.

- Advertisement -

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече оти цел на планот е на овие држави да им се помогне да го намалат јазот во тестирања во однос на побогатите држави. Средствата за програмата сѐ уште не се целосно осигурани, еден тест чини 5 долари, а вкупно ќе бидат потребни 600 милиони долари. 

Се очекува реазлицијата да започне во октомври. Со брзите тестови се трага по антигени или протеини на површината на вирусот. Тие се значително побрзи од ПЦР тестовите, но главно се сметаа за помалку сигурни. Сигурните резултати се добиваат за 15 до 30 минути во просек, по пониска цена од ПЦР тестовите, рече Гебрејесус.

- Advertisement -

Бројот на починати од Ковид-19 во светот надмина еден милион, пробивајќи нова психолошка граница во пандемијата која ја девастрираше глобалната економија, ги преоптовари здравствените системи и го промени нашиот начин на живот, извести новинската агениција Ројтерс.
Со коронавирусот во светот досега вкупно се заразени над 33,3  милиони луѓе, а Ковид-19 глобално однесе над еден милион животи, се најновите податоци на Ројтерс.

Сподели!
- Advertisement -