ВИДЕО: Икеа направи завеси кои ќе го прочистуваат воздухот

- Advertisement -

ИКЕА наскоро ќе почне да ги продава своите завеси кои го прочистуваат воздухот благодарение на површината обложена со минeрали кои ги разложуваат најчестите загадувачи. Површината на завесите е третирана со минерал фотокатализатор кој овозможува загадувањето од воздухот да се разложи кога ќе помине светлина низ него. На тој начин корисниците на завесите ќе можат да бидат сигурни дека дома дишат чист воздух.

Технологијата функционира на сличен начин како фотосунтезата, односно природниот процес со кој растенијата и некои други организми го претвораат јаглерод диоксидот и водата во храна со помош на светлина. ИКЕА неколку години работи на завесите Gunrid заедно со универзитетски институции од Европа и од Азија. Од компанијата велат дека завесите функционираст и со природна и со вештачка светлина.

- Advertisement -

„За нас е битно да правиме производи кои на луѓето им решаваат реални проблеми. Во сите домови се користат ткаенини, а со напите завеси кои го чистат воздухот ние создаваме евтино решение за чистење на воздухот кое не зафаќа простор и истовремено го разубавува домот“ .

Завесите ќе почнат да се продаваат во нивните продавници од идната година и се дизајнирани да го решат проблемот со загадувањето на воздухот, кој станува се поактуелен проблем.

- Advertisement -

Според Обединетите нации, се очекува дека 68% популацијата во светот ќе живее во урбани средини до 2050 година, каде што квалитетот на воздухот често е лош. Светската здравствена организација вели дека денес 91% од светската популација живее на места каде што загадувањето на воздухот ги надминува дозволените вредности на Светската здравствена организација.

Загадениот воздух убива седум милиони луѓе во светот, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. „Освен тоа што ќе им помогне на луѓето да дишат подобро дома, се надеваме дека Gunrid ќе ја зголеми свеста за загадувањето дома и ќе ги инспирира луѓето на промени во однесувањето кои придонесуваат за свет со почист воздух” велат од ИКЕА.

Сподели!
- Advertisement -