Како што станува се појасно дека е неизбежен новиот бран на корона вирусот и нови карантини, а уште нема вакцина, луѓето и понатаму се борат да го зачуваат својот имунитет. Новите истражувања покажуваат дека заштитата од инфекцијата на КОВИД-19 би можела да биде многу едноставна.
Витаминот Д може да биде тајното оружје во борбата со корона вирусот, покажуваат некои нови истражувања. Имено, истражувањата покажуваат голема поврзаност меѓу падот на имунитетот поради корона вирусот и недостигот од витамин Д, пренесува Telegraph.
Вадим Бекмен, еден од авторите на истражувањето, вели дека здравото ниво на витамин Д може да влијае за намалување на стапката на смртност на корона вирусот. Во рамките на испитувањето кое се вршело во Универзитетската болница Реина Софија во Шпанија, 50 од 76 заразени пациенти добивале витамин Д. Останатите 26 не го добивале тој витамин. Испитувањето покажало дека 50% од пациентите кои не добиле витамин Д завршиле на интензивна нега. Со други зборови, објаснува Бекмен, витаминот Д ја намалува можноста пациентите да завршат на интензивна нега за 25%.
Проучувајќи ја врската меѓу недостигот од витамин Д во земјите од северната хемисфера и можната улога на витаминот Д во сузбивањето на тешките воспаленија и инфекции како КОВИД-19, ирски истражувачи напоменуваат дека станува јасно дека земјите на јужната хемисфера, како Австралија, имаат релативно ниска стапка на смртност од корона вирусот.
Недостигот од витамин Д е поврзан и со возраста, хипертензија, дијабатес, како и гојазност, додека сите тие фактори се поврзани со покачен ризик од тежок облик на инфекција со корона вирусот. Иако луѓето најголем дел од витаминот Д добиваат од сонцето, овој витамин го има во прехранбените продукти како конзервирана риба, лосос, печурки, сирење, јајца или говедски црн дроб.
(Telegraph)
(фото: Pixy)