Со зимските месеци се соочуваме со нови предизвици во спречувањето на ширењето на корона вирусот. Двајца кипарски научници во нова студија откриваат клучни фактори во пренесувањето на заразата, а еден од нив е брзината на испраување на контаминираните капки во воздухот.
Двајца научници од кипарскиот Универзитет Никозија, мотивирани од интересот за ставање крај на брзото ширење на новиот вирус, од кој досега во светот починаа повеќе од 1 милион луѓе, одлучија за спроведат истражување за начинот на кој се шири вирусот.
Во интервју за порталот News Medical д-р Талиб Дбук и професорот Димитрис Дрикакис објаснија дека постои комбинација од фактори кои влијаат на преносот на новиот корона вирус и дека тие фактори се врзани за брзината на ветрот, температурата на воздухот и релативната влажност на воздухот.
„Нашето истражување покажа дека пренесувањето на вирусот е поголемо при температури на воздухот од 25 степени Целзиусови или пониски од тоа, како и при влажност на воздухот од 65% или над тоа. Воедно, тоа објаснува зошто вирусните инфекции се почести на зима отколку на лет, велат Дбук и Дрикакис.
Истражувањето го спровеле така што развиле напредна CFD (Computational Fluid Dynamics) нумеричка платформа која овозможува предвидување на концентрацијата на короан вирусот во контаминираните капки плунка во воздухот откако се ослободени од дишниот тракт.
Компјутерските модели развиени во рамките на истражувањето овозможиле квантификација на одржувањето на вирусот преку функцијата на температурата на воздухот, релативната влажност и брзината на ветрот или протокот на воздух во затворено или на отворено, појаснуваат научниците.
Токму со помош на тој компјутерски модел ја откриле најбитната врска меѓу одрливоста на корона вирусот во воздухот. Нивната CFD симулациска платформа велат дека ќе овозможи подобро носење одлуки за епидемиолошки мерки, односно подобро ќе се дефинира оддалеченоста при социјалното достанцирање и правилата кои треба да бидат динамични, а не фиксни.
Веруваат дека брзината на ветрот и влажноста на воздухот треба да се земат рпедвид при преземањето мерки за социјално дистанцирање.
Тие ги изнесоа и своите препораки што можат да направат луѓето за да се заштитат од зголемената стапка на преживување и пренос на вирусот во воздухот во претстојните зимски месци.
- Почитување на социјалното достанцирање, најмалку 2 метри ако не постои проток на воздух и до 6 метри во случаи на зголемена циркулација на воздух или посилен ветар
- Избегнување на услови на зголемена релативна влажност на воздухот, особено во затворено
- Избегнување на места со ниски температури
- Избегнување на масовни собири и места со многу луѓе
- Носење заштитни маски, особено во ситуации каде што е неизбежен контактот со други луѓе
- Избегнување затворени простосии во кои работат вентилатори
- Само природно проветрување на воздухот
(News Medical)
(фото: Pikist)