Сингапур ќе ги спасува коралните гребени со ЛЕГО коцки

- Advertisement -

Најголем дел од коралните гребени во светот се пред изумирање како последица на порастот на температурите на морињата и загадувањето, поради што научниците веќе долго време се обидуваат да го стопираат уништувањето на овој осетлив подводен екосистем каде што живеат илјадници различни видови морски организми.

Така, ескперти од сингапурскиот Национален универзитет се одлучија за необично решение – ЛЕГО коцки кои во контролирани услови во аквариум би требало да ги спасат сингапурските корални гребени, пишува BBC.

- Advertisement -

Сингапур е дом на 1/3 од коралните гребени во светот, што е многу голема количина за толку мала земја. Мелиорацијата на земјиштето и крајбрежниот развој со децени ги исцрпуваат коралните гребени, кои делуваат како природна заштита за бреговите и се дом на илјадници организми.

Уште не се знае дали ЛЕГО коцките може да помогнат да се спасат коралните гребени, но научничката Јани Танзил на критиките дека пластичните модуларни предмети може само дополнително да му наштетат на морскиот екосистем одговори дека коцките што ќе ги користат таа и нејзините колеги се направени од материјал на природна база.

- Advertisement -

Тие планираат да го прилагодат обликот и величината и ако сакаат да работат со поголеми корали, едноставно ќе се користат поголем коцки, односно повеќе такви модуларни предмети, појасн Танзил.

Методата вертикално одгледување во националата поморска лабораторија на островот Сент Џон ќе помогне да се заштеди на простор. Вкупниот број на корални врсти во светот е околу 800, а во Сингапур, поточно околу јужните острови се концентрирани речиси 1/3 од нив.

- Advertisement -

Коралните гребени во Сингапур се намалуваат со децении наназад, а на светско ниво во последните 10 години исчезнале околу 14% од коралните гребени. Во рамките на првиот обид за обновување на коралните гребени со ЛЕГО коцки научниците ќе употребат олабавени делови од коралите и со помош на посебно биолепило ќе ги постават на коцките. Тие мали делови со тек на време во нивната поморска лабораторија треба да израснат во поголеми колонии.

Д-р Танзил вели дека ги избрале ЛЕГО коцките затоа што се модуларни и можат да ги прилагодат на величината на коралите. Засега проектот се спроведува на ниво на експерименти, а научниците се надеваат дека во иднина ќе успеат да одгледаат доволно корали кои ќе ги „трансплантираат“ во морските води.

(Zimo)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -