Илон Маск вели дека нема да прима вакцина против КОВИД-19

- Advertisement -

Илон Маск уште еднаш јавно ги истакнува своите мислења за ризиците од новиот КОВИД-19. Во интервју извршниот директор на компаниите Tesla и SpaceX изјави дека нема да ја прими вакцината против КОВИД-19 кога ќе биде комерцијално достапна и одби да каже дали чувствува одговорност да им плаќа на вработените кои избрале да седат дома затоа што не сакаат да се заразат со корона вирусот.

„Јас не сум во опасност од заразување со КОВИД, а не се ни моите деца“ изјави Маск за New York Times.

- Advertisement -

Маск веќе долго време е познат како ескцентричен претприемач кој знае повеќе од експертите и не се плаши да ги изнесе своите контроверзни ставови. Во подкастот за познатиот весник Маск изјави дека наместо да се делат наредби за останување дома со цел да се спречи ширењето на вирусот, секој што е ризична категорија треба да биде во карантин додека не помине опасноста.

„Прашањето е дали таквите мерки служат за доброто на народот во иднина. Карантините не го постигнаа тоа и пандемијата сега е ситуација во која не може да се извојува победа“ вели Маск.

- Advertisement -

Маск е третата најбогата личнос во светот според индексот Bloomberg Billionaires Index. Тој уште в април годинава напиша на Twitter дека наредбите да се седи дома нему му личат на „де факто куќен притвор“.

(CNN)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -