Второто издание на „Светски ден на вранец“ ќе се одржи на 5 октомври

- Advertisement -

На 5 октомври ќе се одржи „Светски ден на вранец“ во организација на Здружението „Вина од Македонија“ и во соработка со производителите на оваа сорта од Македонија и од регионот. Оваа година настанот ќе се одржи преку онлајн стриминг во живо, со интернационални експерти за вино од Велика Британија, САД, Германија, Холандија, Словенија.

Целта на овој настан е да се потенцира важноста на локалните сорти, да се поддржат напорите на локалните винарии за зачувување на винскиот идентитет на Македонија и да се зајакне свеста на потрошувачите низ светот за вината кои доаѓаат од Македонија. „Светскиот ден на вранец“, исто така придонесува за зголемување на препознатливоста на Македонија како винска земја на меѓународно ниво.

Ова е второ издание на „Светски ден на Вранецот”, а целта останува иста, да ги позиционираме сортата Вранец и Светскиот ден на Вранецот рамо до рамо со најдобрите. Во последната деценија, трендот на славење на одредена сорта возврати со повеќе придобивки, а најзабележително е подобреното позиционирање и зголемената продажба на „прославените“ вина на меѓународни пазари.

„Светскиот ден на вранецот“ ќе го отвори Светозар Јаневски, претседателот на Здружението „Вина од Македонија“, а ќе присуствуваат и Сибил Сутер Теада, амбасадор на Швајцарија во Македонија, Трајан Димковски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и Крешник Бектеши, министер за економија.

Сподели!
- Advertisement -