Од вчера во Англија забранети пластичните сламки

- Advertisement -

Од вчера во Англија стапи на сила забраната за употреба на пластични сламки, чепкалки и стапчиња за мешање. Оваа мерка, која првично требаше да стартува во април годинава, значи дека е илегално компанитие да ги продаваат овите предмети.

Луѓето во Англија трошат по 4,7 милијарди пластични сламки, 316 милиони пластични стапчиња за мешање и 1,8 милијарди чепкалки за уши секоја година. Поддржувачите на мерките за заштита на природата ја поздравија забраната, но повикаа таа да се прошири на други пластични предмети.

- Advertisement -

Болниците, хотелите и рестораните можат да направат исклучок од забраната ако станува збор за луѓе со инвалидитети или некои медицински состојби поради кои мора да ги користат тие пластични предмети.

Од владата на Англија изјавија дека се посветени на справање со уништувањето на животната средина поради употребата на пластични предмети за еднократна примена. Екологистите истакнаа дека тие предмети се само мал дел од пластиката што се фрла секоја година и додадоа дека министрите мора да ја сменат културата на народот и да го наатераат да се префрли на употреба на репупотребливи алтернативи.

- Advertisement -

Од владата објаснија дека работат на планови за воведување шеми за рециклирање на пластчните чаши за еднократна употреба. Владата на Велс исто така се залага за воведување слична забрана на пластични предмети. Мноу национални ресторани, пак, ги исклучија пластичните сламки од употреба уште пред да стапи на сила забраната.

(BBC)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -