Во Атланта, САД, беше претставен специјален дрон кој прв ќе стигнува на местото на несреќа. Компанијата Sonin Hybrid разви дрон кој може да лета со брзина до 225 км/ч, а е наменет за службите кои први стигнуваат на местата на несреќи.
Дронот Sonin Hybrid Recruit освен брзината, има уште една предност, а тоа е технологијата која му овозможува да ја полни батеријата додека лета. Дронот може да лета подолго од три часа и повеќе од трипати е побрз од моментално најбрзите комерцијални дронови.
Иако веќе сега дроновите кои ги користи полицијата, пожарникарите и владите, се дизајнирани специјално за службите кои први стигнуваат на местото на несреќата. Тоа е главно поради ограничувањата кои ги имаат дроновите на батерии, а кои мора да се полнат после краток период. Затоа подолгите мисии не се изводливи.
Меѓутоа, Recruit дронот користи систем кој користи бензин и батерии кој му овозможува да се полни во лет. Опремен е со 4K камера со 3x оптички и 12x дигитално зумирање со фиксно и мобилно следење, а има и FLiR инфрацрвена камера за користење ноќе. Исто така, има и звучници и дополнително осветлување.
Конструкцијата на дронот е направена од карбон. Компанијата Sonin Hybrid е во процес на стартување на бета програма со полицијата и пожарникарите ширум САД.
(Klix.ba)
(фото: Sonin Hybrid)