„Amazon“ тестира плаќање со дланка

- Advertisement -

Oтсега па натаму, читањето на дланка не им преостанува само на бабите што гатаат и кои ќе ја предвидат вашата иднина, бидејќи „Amazon“ започна да тестира нешто слично за плаќање во продавниците.

Неговиот неодамна претставен систем за биометрика на дланка, наречен „Amazon One“, штотуку започна со тестирање во две продавници во Сиетл и наскоро може да се појави во сите продавници, стадиони, концертни сали, згради и можеби за отклучување стан наместо отпечаток, препознавање лице или скенирање на очите.

- Advertisement -

На начинот на „Amazon“, биометријата ќе ги претвори вашите дланки во кредитна картичка, лична карта, билет или друг документ за идентификација со препознавање на крвните садови.

„Amazon“ вели дека биометријата на дланката е многу подобра работа во споредба со другите технологии што се користат денес, бидејќи носи предност во однос на приватноста, па повеќе ќе им се допадне на корисниците затоа што не делува „полициско“ како системот за препознавање лице.

- Advertisement -

(denar.mk)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -