Пандемијата ќе одведе во екстремна сиромаштија 150 милиони луѓе

- Advertisement -

Светска банка денеска соопшти дека поради пандемијата на коронавирус 150 милиони луѓе може да потпаднат во екстремна сиромаштија до крајот на 2021 година, со што ќе се поништи напредокот во намалувањето на сиромаштијата во последните три години.

Банката во својот двегодишен извештај за сиромаштијата и заедничкиот просперитет наведе дека меѓу 88 и 115 милиони луѓе ќе западнат во екстремна сиромаштија или ќе живеат со помалку од 1,90 долари на ден во 2020 година.

- Advertisement -

Во извештајот се наведува дека тој број може да се искачи на 150 милиони до крајот на 2021 година. Тоа би значело дека оваа година 9,1-9,4 проценти од светското население ќе живее во екстремна сиромаштија, приближно исто како и 9,2 проценти во 2017 година.

Како што се наведува, тоа би било прво зголемување на процентот на екстремна сиромаштија во последните 20 години. 

Сподели!
- Advertisement -