Публицис Скопје – прва македонска агенција со освоена главна награда на фестивалот “SoMo Borac”

- Advertisement -

Публицис Скопје е добитник на 3 награди на “SoMo Borac” реномираниот регионален фестивал за дигитални кампањи. Кампањата за Кока Кола Discovered by Coke која беше реализирана во Србија, е победник во категоријата “SoMo App”, а беше наградена и во уште две други категории – Digital Mix и SoМo Tech.

Discovered by Coke app е првата Кока Кола мобилна апликација во Србија која вклучува Augmented Reality (AR experience). Кока Кола лименките специјално дизајнирани за оваа кампања, со AR видеа од 4 музички ѕвезди – ментори, ги поврзуваа младите таленти со менторите и беа можност за пријавување на учество во првото целосно дигитално музичко талент шоу.

- Advertisement -

Наградената мобилна апликација беше продуцирана во соработка со компанијата Ворхол од Скопје.

“SoMo Borac” ги оценува регионалните дигитални проекти според нивната оригиналност и креативност, според квалитетот на имплементацијата, како и според крајните резултати. Во жири комисијата членуваат дигитални експерти од најголемите дигитални агенции од Хрватска, Србија, Македонија, Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Сподели!
- Advertisement -