Сингапур на граѓаните им нуди еднократни бонуси за да потикне раѓање на повеќе деца во текот на пандемијата на корона вирусот. Тоа го прави поради загриженост дека граѓаните го одложуваат имањето потомство додека се борат со финансиски проблеми и откази.
Сингапур има една од најниските стапки на наталитет во светот, а со децении се труди да ја зголеми. Тоа е сосема спротивно од политиката на некои соседи, како Индонезија и Филипините, кои се соочуваат со масоцен скок на бројот на бремени жени.
„Добивме повратни информации дека КОВИД-19 натерал некои амбициозни родители да ги одложат плановите врзани за проширување на семејството“ изјави заменик-премиерот на Сингапур, Хенг Сви Кит.
Хенг додаде дека наскоро ќе објават детали за вредноста на бонусите и начинот на исплаќање. Моменталниот сингапурски систем за бонуси за бебиња им овозможува на родителите кои ги исполнуваат условите бенефиции до 7.330 долари.
Стапката на наталитет во Сингапур достигна осумгодишен максимум во 2018 година, така што едно семејство во просек има едно дете. Многу азиски земји се соочуваат со паѓање на наталитетот, а тоа може да се влоши во текот на пандемијата.
Претходно годинава во Кина имаше пад на наталитетот на најниско ниво од формирањето на Народна Република Кина пред 70 години до денес. А тоа се случи и покрај ублажувањето на толку критикуваната политика за само едно дете по семејство.
(Bizlife)
(фото: Pixabay)