Oppo на 19 октомври ќе го претстави својот прв смарт телевизор со селфи камера

- Advertisement -

Компанијата Oppo на 19 октомври ќе го претстави својот прв смарт телевизор. Oppo е уште еден од производителите на смартфони кои навлегуваат на пазарот за смарт телевизори. Компанијата со седиште во Гуангдонг веќе го најави доаѓањето на својот прв паметен телевизор, а сега е објавен и датумот на претставување. Специјалниот настан ќе биде одржан во Шангај на 19 октомври.

Краткото видео што го објавија не открива ништо освен датумот, но благодарение на 3C сертифицирањето познато е дека Oppo ќе претстави два модели со ознаки A65UB00 и A55UB00. Првиот ќе има екран од 65, а другиот од 55 инчи.

- Advertisement -

Според изворите, телевизорите ќе имаат и поп ап селфи камера, а нејзината функција засега е непозната. Засега е познато дека можеме да очекуваме 4K QLED панел со фреквенција на освежување од 120Hz и MEMC процесор.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -