Научници од австралиската национална истражувачка организација CSIRO објавија студија во која ги опишуваат резултатите од своите истражувања за преживувањето на САРС-КоВ-2 на мазни површини како екрани на паметни телефони, метални површини и банкноти. Во студијата објавена во списанието Virology Journal научниците откриваат дека вирусот кој предизвикува КОВИД-19 може да остане заразен до 28 дена, иако во многу контролирана средина. Пвирусот на грипот останува заразен само 17 дена.
„Ова откритие покажува дека САРС-КоВ-2 може да остане заразен значително подолго време отколку што се сметаше за возможно“ се вели во студијата. Иако ова укажува на важноста на чистењето и дезинфицирањето на телефонот и на другите површини, треба да се нагласи дека тестирањето се спроведувало на постојана температура од 20 степени Целзиусови за да се негираат ефектите од ултравиолетовото зрачење, што е далеку од реалните услови во коиживееме секојдневно.
Во експериментот исто така не се користела свежа слуз, која обично е присутна во вирусите на површините и која содржи бели клетки и антитела. „По мое мислење, заразните вируси ќе траат само неколку часа во слузта на површината, а не со денови“ вели професорот Рон Еклес при Универзитетот Кардиф.
Според британскиот Центар за контрола на болести, се смета дека ширењето од допирните површини не е вообичаен начин на ширење на КОВИд-19. Наместо тоа, најчестите вектори се респираторните капки кои настануваат при кашлање или кивање. Новите наоди исто тако покажуваат дека може да се пренесува и преко воздухот во слабо проветрени и затворени простории, каде што се случуваат активности од типот на забрзано дишење при пеење или вежбање.
Накратко кажано, би било добро својот телефон, кој секојдневно го допирате до лицето, редовно да го чистите и дезинфицирате, но не треба премногу да се плашите дека преку телефонот можете да се заразите со корона вирусот, особено ако го користите само вие, затоа што многу полесно можете да се заразите преку кивање, кашлање и ако некој дише премногу блиску до вас.
(Vidi.hr)
(фото: Pikist)