Во Западна Вирџинија најавено е отворањето на првиот сертификациски центар за Hyperloop, превозното средство од иднината

- Advertisement -

Како ќе изгледа иднината на превозот на поголеми растојанија? Државите во целиот свет инвестираат се повеќе ресурси во развојот на брзи и електрифицирани железнички мрежи, повторно се споменуваат и ултразвучните авиони кои би требало да бидат поефикасни од легендарниот „конкорд“, но за деценија или две отсега сосема ново превозно средство ќе стане доминантен начин на превоз на помали и поголеми реастојанија.

Станува збор за Hyperloop, систем базиран на магнетна левитација преку кој во вакуум цевки посебни капсули би се движеле со огромни брзини. Теоретски, станува збор за брзини до дури 1.000 км на час, благодарение на кои патувањето на поголеми растојанија би траело исто колку возење во градски автобус од центарот на Скопје до Аеродром.

- Advertisement -

Прв идејата за Нyperloop ја имаше Илон Маск, но низ годините се повеќе компании продолжија со развој на технологии кои би овозможиле таков начин на превоз. Една од нив е и Virgin Hyperloop на милијардерот Ричард Бренсон, која направи голем чекор кон реализацијата на таа идеја за супербрз превоз. Имено, во Западна Вирџинија, Бренсон најави инвестиција од дури 500 милиони долари за изградба на посебен сертификациски центар за Нyperloop.

Бренсон најави дека центарот ќе се состои од систем од Нyperloop цевки со должина од околу 10 км, а изградбата ќе почне во 2022 година, но комерцијалните операции треба да почнат до 2030 година.

- Advertisement -

(Reuters)

Сподели!
- Advertisement -