Девет од десет вработени сакаат да работат од дома после пандемијата!

- Advertisement -

Девет од десет вработени сакаат да продолжат да работат од дома и по ублажувањето на мерките преземени во врска со пандемијата. Ова се резултати од истражување направено од „Сиско системс“, објави „Ројтерс“. 

„Сиско системс“ анкетирале 10.000 луѓе од Европа, Блискиот Исток и од Русија за своето истражување „Работна сила на иднината“. Истражувањето покажало дека пандемијата ги променила навиките, а кај две третини од работниците се развило поголемо разбирање за придобивките и предизвиците за вршење на работа од нивните домови наместо во канцелариите. 

- Advertisement -

Пред карантинот, само пет отсто од испитаниците поголемиот дел од работата ја работеле од дома, а сега 87 отсто од работниците сакаат да изберат каде, како и кога ќе ја извршуваат својата работа. Тие се залагаат за комбинација меѓу работење од дома и од канцеларија. 

Владите во повеќето земји сугерираа да се работи од дома за да се спречи ширењето на коронавирусот. 

Сподели!
- Advertisement -